Албанија се обидува да врати екстремисти од Сирија и Ирак

од Nikola Popovski

Албанскиот министер за внатрешни работи Бљеди Чучи изјави денес дека бил во Либан со намера да врати во Албанија повеќе граѓани на земјата поврзани со други државјани кои се приклучиле на исламските екстремистички групи во Сирија и Ирак.

Чучи, кој бил во Бејрут последните два дена, рече дека таму се сретнал со генерал-мајор Абас Ибрахим, шеф на либанскиот Генерален директорат за безбедност, пренесува АП.

Министерот не рекол дали ќе може да ги врати Албанците во Албанија, додавајќи само дека неговата посета е „значаен показател за инсистирањето на албанската влада за враќање на албанските граѓани од Сирија“.

– Ќе работиме со иста посветеност и решителност успешно да ја завршиме оваа операција, како што направивме првиот пат – рече Чучи.

Минатиот октомври беа вратени четири деца и една жена поврзани со албански државјани убиени во борбите со исламските екстремистички групи во Сирија.

Слични содржини