Албанските медиуми за посетата на папата Франциск

од desk2

„Папата Франциск во исторска посета на Северна Македонија“ „Папа Франциск: Соживотот во Северна Македонија е пример во Европа“, „Папата ја посети куќата на Мајка Тереза“, „Папата Францск: Република Северна Македонија мост помеѓу Истокот и Западот“, се само дел од насловите на написите на албанските медиуми по повод посетата на папата на Република Северна Македонија.


Сите албански медиуми без исклучок отстапија посебен простор како за најавата за посетата, подготовките, така и за дешниот престој на папата во Скопје.
Пренесувајќи делови од неговите пораки најчесто ја издвојуваа таа за „уникатниот и убав мозаик“.
– Различните религиски идентитети на православните, католиците, муслиманите и еврите, меѓу Македонците, Албанците, Србите, Хрватите и другите заедници создадоа уникатен и прекрасен мозаик во земјава. Нивната почит е неопходна за регионот да биде подобро интегриран со Европа, е најчесто пренесуваната порака на папата.
Посебно се наведува и фактот што папата го пречекале и го испратиле заедно претседателот Иванов и премирот Заев.
Исто така се акцентира масовноста на мисата на која се посочува дека имало голем број верници и од Албанија, како и фактот дека токму папата Франциск на 4 септември 2016 во Ватикан ја прогласи Мајка Тереза за светица во католичкиот свет.
Папата Франциск во еднодневна посета на Тирана беше на 21 септември 2014 година, што претставуваше неговата прва посета на друга европска земја откако стана папа.
Имено, тоа беше втора посета на римокатолички поглавар на Албанија, откако во 1993 година земјата ја посети папата Јован Павле Втори.

Слични содржини