Алкараз: Загрижен сум за Надал

од Симе Стоиков

Карлос Алкараз изрази жалење што Рафаел Надал се повлече од турнирот во Монте Карло. Надал не е физички подготвен, па ќе го прескокне овој голем турнир, уште еден во низа по Индијан Велс и Австралија опен.

Овој е посебен за него, па оттука и жалењето што ќе го нема, со оглед на тоа што турнирот во Монте Карло го освои Надал рекордни 11 пати.

Новото откажување на „Кралот од земјата“ ги подгреа шпекулациите за негово враќање на терените во блиска иднина, па сега новото прашање е – дали ќе може да одигра барем еден турнир на својата омилена подлога оваа сезона?

Сега веќе не е сигурно дали ќе биде подготвен и за Ролан Гарос (20 мај – 9 јуни).

„Загрижен сум. Би сакал наскоро да се врати на теренот“, изјави неговиот сонародник Карлос Алкараз за ситуацијата со Надал.

Дури ни Алкараз не знае, вели, колку време Надал ќе биде надвор од теренот.

„Не знам ништо за Надал. Очигледно, како Шпанец и љубител на тенис, се плашам дека нема да игра на турнирите кои се толку посебни за него. Ако го прескокне Монте Карло, се надевам дека ќе игра барем во Шпанија“, изјави Алказарас.

Најголемата желба на младиот Шпанец е да игра двојки со Надал на Олимписките игри.

“Тој отсекогаш бил мојот идол. Нема подобар начин да дебитирам на Олимписките игри од тоа да играм со него како пар. Ќе видиме дали двајцата ќе одиме во Париз, бидејќи се е можно”, изјави Алкараз.

Слични содржини