Амбасадите на САД во Белград и Приштина: Веднаш да се отстранат барикадите од патиштата

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Амбасадите на Соединетите Американски Држави во Белград и Приштина во заедничко соопштение побараа итно отстранување на блокадите на патиштата на север и „запирање на заплашувањата и заканите со насилство“.

„Тие што поставија нелегални блокади веднаш да ги отстранат. Очекуваме крај на заканите со насилство и заплашување“, се вели во заедничката изјава.

Соединетите Американски Држави изразија загриженост за ситуацијата на северот, наведувајќи во соопштение дека косовските власти уапсиле едно лице под сомнение за насилен напад врз припадници на безбедносните служби и членови на изборната комисија и дека нападот се користи како оправдување за нелегални блокади на патишта, закани и заплашувања на косовските власти и локалното население.

Амбасадите ја изразија својата целосна поддршка за КФОР и ЕУЛЕКС и ги осудија како неприфатливи сите напади врз Косово и меѓународните безбедносни служби.

„Ги повикуваме сите да покажат најголема воздржаност, да преземат итни активности во насока на деескалација и да се воздржат од провокации. Ги повикуваме двете страни да работат во рамките на дијалогот предводен од ЕУ за да се решат важните прашања“, се вели во соопштението.

Слични содржини