Америка и Израел го зајакнуваат својот воен сојуз со нов договор

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Јаир Лапид денеска ќе потпишат заедничка декларација со која се зајакнуваат блиските воени врски на двете земји и се обврзуваат да го спречат Иран да развие нуклеарно оружје.

Висок претставник на администрацијата на Бајден, опишувајќи го договорот пред новинарите во конференциски повик, рече дека тој претставува проширување на долгогодишните безбедносни односи меѓу Соединетите Држави и Израел, пренесува „Ројтерс“.

„Оваа декларација е доста значајна и вклучува посветеност никогаш да не се дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, а исто така се однесува и на дестабилизирачките активности на Иран, особено на заканите на Израел“, рече овој претставник.

Пред доаѓањето на Бајден, израелските лидери јасно ставија до знаење дека за нив иранската нуклеарна програма е главна точка на агендата за време на посетата на американскиот претседател.

Слични содржини