Американската амбасада: Брнз побара од Алијанса и Алтернатива да бидат конструктивни и ангажирани

од Nikola Popovski

„Амбасадорката Брнз денеска разговараше со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива Зиадин Села и Африм Гаши за да ја нагласи потребата од конструктивна и ангажирана опозиција. Таа ги охрабри двајцата лидери да соработуваат со другите за решавање на огромните предизвици со кои се соочува земјата“, објавија попладнево од Американската амбасада во Скопје.

Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива останува на ставот дека пописот не треба да се одложи и нагласи дека нема да дозволи да се одржи денешната собраниска седница, на која на дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Севрна Македонија, 2021 година по скратена постапка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка.

Координаторот на пратеничката група на Алијанса и Алтернатива, Скендер Реџепи денеска во Собранието изјави дека во ниту еден случај нема да дозволат се одржи денешната седница, се додека не дојдат сите пратеници од нивната пратеничка група.

Денес почна комисискиот претрес на Законот за одложување на пописот. Му претходеше пленарна седница, на чиј дневен ред се најде со 95 гласа за и само 7 против. Одложувањето на пописот, чие теренско спроведување во земјава требаше да почне денеска, е побарано поради пандемијата.

Опозицијата од албанскиот блок посочи дека ова ќе биде прекинување, а не одложување на пописот, бидејќи над 177 илјади државјани од странство, веќе се самопопишаа. Прекинот, според нив, е на штета на Албанците.

Матичната комисија за европски прашања е закажана веднаш. Без оглед на бројот на амандманите, таа може да трае најмногу два дена.

Слични содржини