Американската амбасада во Москва ги повика Американците „веднаш“ да ја напуштат Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Амбасадата на САД во Москва издаде безбедносна тревога и ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Русија.

Како што пренесува „Гардијан“, во соопштението на својата веб-страница, амбасадата предупредила дека постои можност граѓаните со двојно државјанство – руско и американско – да бидат поканети како дел од мобилизацијата на руската влада за поддршка на нејзината инвазија на Украина.

„Русија може да одбие да го признае американското државјанство на граѓаните со два пасоша, да им забрани пристап до американскиот конзулат, да ги спречи да ја напуштат Русија и да регрутира граѓани со двојно државјанство“, се вели во соопштението.

Амбасадата, исто така, ги предупреди своите државјани „да не патуваат во Русија“ и дека оние што живеат или патуваат во земјата „треба веднаш да ја напуштат Русија додека се уште има ограничени можности за патување“.

Комерцијалните летови од Русија се „моментално многу ограничени“ и честопати недостапни за кратки растојанија, предупредува амбасадата.

„Ако сакате да ја напуштите Русија, треба да направите независни аранжмани што е можно поскоро“, се додава.

Слични содржини