Американската полиција уапси осомничен за пукањето во училиште во Тексас

од Vladimir Zorba

Американската полиција уапси осомничен за пукањето во средното училиште „Тимбервју“ во Арлингтон, Тексас во средата во кое беа повредени четири лица, јави Анадолија.

Помошник началникот на полицијата во Арлингтон, Кевин Колбје изјави дека полицијата утврдила дека пукањето избувнало за време на конфликтот помеѓу ученик и друго лице во училница.

Тој го идентификуваше осомничениот како Тимоти Џорџ Симпкинс, осумнаесетгодишен Афроамериканец, за кого полицијата верува дека побегнал од местото на настанот со автомобил.

Полицијата рече дека Симпкинс, во меѓувреме, бил приведен „без инциденти“ и обвинет за повеќекратни точки за тешки напади со огнено оружје.

Кога станува збор за повредени, едно лице имало полесни повреди и одбило лекување, а три лица биле пренесени во локалната болница. Локален огранок на „CBS News“ објави дека 15-годишната жртва е во критична состојба.

Полициската управа во Арлингтон соопшти дека повеќето ученици од училиштето биле пренесени во блискиот центар за сценски уметности, од каде што ги преземале нивните семејства.

Слични содржини