Американската полиција убива и апси повеќе од другите земји

од Vladimir Zorba

Соединетите амеркански држави имаат двојно повеќе смртни случаи за време и по притворот од Австралија, и шест пати повеќе од Велика Британија. Протестите за убиството на Џорџ Флојд се одржуваат низ САД во последните две недели, посочувајќи на проблемот со полициското насилство врз Афроамериканците.

Флојд е само еден од многумина Американци кои страдаат секоја година поради лошите одлуки на американската полиција, а статистиката покажува дека полицијата во САД пука, апси и затвора повеќе луѓе отколку во другите развиени земји, јавува Си-Ен-Ен.

Во рамките на групата најнапредни економии во светот, Г-7, Соединетите држави јасно се издвојуваат во однос на смртта кога станува збор за контакт со полицајците, додека Афроамериканците се најмногу погодени од овој вид насилство.

Така, во САД има двојно повеќе смртни случаи за време и по приведувањето, т.е. во притвор, отколку во Австралија и шест пати повеќе отколку во Велика Британија.

Според статистиката на Бирото за правда на САД, од јуни 2015 до март 2016 година биле регистрирани 1.348 вакви потенцијални смртни случаи, што би значело во просек 135 смртни случаи месечно или нешто повеќе од четири на ден.

Граѓаните на САД поверојатно ќе бидат уапсени или приведени вооднос на нивните врсници ширум светот.

Во Соединетите држави 10.310.960 луѓе, или секој 32-ри граѓанин, биле уапсени во 2018 година, а црните луѓе сочинуваат третина од затворското население во САД и покрај тоа што сочинуваат само една осмина од вкупното население во земјата.

Слични содржини