Американски брод испукал 30 предупредувачки истрели кон ирански пловни објекти

од Vladimir Zorba

Американски воен брод испука околу 30 предупредувачки истрели откако на американската морнарица им се приближиле бродови од Иранската исламистичка револуционерна гарда (ИРГЦН) во Ормутскиот теснец, соопшти во понеделникот Пентагон.

Ова е втор пат во последниот месец американските воени пловни објекти да мора да пукаат со предупредувачки истрели поради, како што рекоа, опасното однесување на иранските пловни објекти во регионот, по релативното затишје во текот на изминатата година.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, рече дека биле истрелани предупредувања откако ирански бродови се приближиле на 150 метри оддалеченост од американските воени бродови, вклучувајќи го и ракетниот крстосувач „УСС Монтереј“, кој ја следеше подморницата „Џорџија“.

Слични содржини