Ампева: Успеавме, победа за работниците над капиталистите!

од Берта Китинска

Владата на денешната седница ја измени Уредбата на мерката 14.500 денари.Работодавачите кои ќе користат финансиска поддршка за исплата на плати не смеат да го намалат бројот на вработени во април, како и два месеца по завршување на мерката, односно заклучно со јули.

По тој повод Кристина Ампева од Здружението  Гласен Текстилец упати честитки до работниците.

-Успеавме! Победа за работниците над капиталистите!Нека ни е честит 1 Мај, денот на трудот! Со промените, усогласени со синдикатите и граѓанските здруженија за заштита на работничките права, се утврдува дека работодавачот кој ќе користи финансиска поддршка за исплата на плати, не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец јули 2020 година)”, напиша на својот Фејсбук профил Ампева.

Слични содржини