Ана Ивановиќ повторно трудна? Убавицата фотографирана во Шпанија и сите гледаат во заоблениот стомак (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ (32) и нејзиниот сопруг, поранешниот професионален фудбалер Бастијан Швајнштајгер (36) беа фотографирани на плажа во Палма Де Мајорка, каде уживаа во топлото време и последниот ден од летото.

Имено, заљубената двојка беше фотографирана со своите две деца на морскиот брег, додека уживаа во песокот и сончевите зраци пред зајдисонцето, а сето време изгледаа среќни и задоволни.

Семејството се капеше и се сончаше, не ги симнуваа насмевките од лицето, а она што може да се забележи е дека Ана има малку поголем стомак отколку на почетокот на летото, кога беше фотографирана во сино бикини со затегнат стомак и изразена „плочка“.

Таа сега има малку поголем „долен“ стомак од вообичаеното, па многу нејзини фанови и Бастијан се прашуваат дали е повторно бремена.

Ана носеше црно бикини на врвка во кое по две породувања повторно го покажа своето сјајно тело – долги затегнати нозе, подигнат задник без целулит и извајани раце, додека косата ја врза во пунџа. Бастијан носеше црни шорцеви, додека на главата имаше капа и темни очила за сонце, а фотографиите покажуваат колку ја сака својата сопруга.

Да потсетиме, во 2008 година, Ана беше првата тенисерка во светот. Таа е во хармонична врска со Бастијан од 2014 година, а тие разменија брачни завети две години подоцна. Имаат два сина Лука и Леон, а Ана често објавува фотографии кои покажуваат колку ужива да биде со своето семејство.

Слични содржини