Ана Ивановиќ објави ФОТОГРАФИЈА во деветтиот месец од бременоста

од Stefanija Kuzmanovska

Ана Ивановиќ моментално е бремена, по трет пат, а иако јавно не го откри полот на бебето, медиумите претходно пишуваа дека повторно очекува син.

Таа е во деветтиот месец од бременоста и наскоро треба да се породи, а во меѓувреме на Инстаграм споделува фотографии кои откриваат како ѝ поминуваат трудничките денови.

На фотографијата која сега ја сподели, поранешната број 1 на ВТА листата позира насмеана и без трошка шминка. Очигледно е дека здравиот живот ѝ е приоритет бидејќи со себе имаше зелено смути.

„Бебето и јас ја внесуваме дневната доза зеленило“, напиша таа покрај фотографијата.

Да потсетиме, Ана веќе има два сина, Леон и Лука, со поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајтeјгер.

Слични содржини