Анализа на „Роберт Ленсинг Инстиутот“: Србија се заканува на Црна Гора и Македонија поради Косово

од Vladimir Zorba

Поради признавањето на независноста на Косово, Црна Гора и Северна Македонија неодамна беа директно заплашени од Србија – односно од српската влада.

Ова се пишува во анализа објавена на веб-страницата на „Роберт Ленсинг Инстиутот“ насловена „Србија претставува закана за НАТО членки“.

Српското однесување – како тоа на Путин

Заканата ја упати никој друг, туку српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ до двете балкански земји-членки на НАТО. За време на интервјуто за српската државна телевизија Пинк, тој рече дека Црна Гора и Северна Македонија ја навредиле Србија со признавањето на независноста на Косово, нагласувајќи дека тоа е еднакво на мешање во внатрешните работи на една земја и отворено претставува закана за дестабилизација на регионот. Дополнително, Вучевиќ изјави дека двете земји треба да бидат нападнати на ист начин како што е нападната Украина поради ваквото однесување.

Еден ден откако на социјалните мрежи се пофали дека српската армија е најсилна во регионот, српскиот министер за одбрана ги засили своите тврдења.

Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на Твитер реагираше на изјавите на Вучевиќ. Рама изјавите на српскиот министер за одбрана ги смета за опасни: „Заканите против стабилноста и интегритетот на Северна Македонија и Црна Гора се опасни и неприфатливи. Албанија, Северна Македонија и Црна Гора се сојузници на НАТО кои се целосно посветени на безбедноста и територијалниот интегритет. Во изминатата деценија во овој регион го постигнавме она што никој не можеше ни да го замисли во бескрајните децении пред тоа, и не можеме и нема да дозволиме некој да не влече назад во минатото кое го оставаме засекогаш! Заедно! Обединета Европа е единствената иднина“, вели Рама.
Во Северна Македонија и Црна Гора реакцијата беше поколеблива, стои во анализата.

Руското влијание во Србија

Српската политика во моментов е на врвот на руското влијание, а Црна Гора и Северна Македонија се исто така под големо влијание на руското мешање и пропаганда – така што ваквите провокации се можност да предизвикаат тензии во овие две земји, кои се во процесот на пристапување во Европската унија.

Од друга страна, осаменоста на Србија како силен поддржувач на руската агресија во регионот предизвикува нејзино непријателство кон другите балкански држави, кои се исто така членки на НАТО, како Црна Гора и Северна Македонија. Неказнувањето на Србија од страна на САД и ЕУ за нејзината политичка неодговорност кон соседните земји, особено кон Косово, создава тензија и нестабилност во регионот.

Досегашната неказнивост на Србија му овозможи на Белград да користи постојана заканувачки реторика и да стане минијатурна верзија на Русија на Балканот, анализираат од Институтот. Согледувајќи ги заканите од она што се случува на Балканот, шефовите на парламентарните комисии за надворешни работи на Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Германија и неколку други земји формално побараа од клучните европски и американски дипломати поцврст и поодлучен пристап кон српскиот претседател Александар Вучиќ.

Од друга страна, поради тензиите во северниот дел на Косово и непостапувањето на владата за деескалација на ситуацијата од мај, ЕУ воведе казнени мерки против Косово. Косово се уште чека најава од Европската унија за укинување на казнените мерки по постигнатиот договор меѓу Косово и ЕУ во Братислава, кој прифати организирање нови избори во четири општини на северот на земјата. Владата на Косово веќе почна да работи на обезбедување правна основа за одржување на нови предвремени избори во четирите општини во северниот дел на Косово, кои потенцијално се очекува да се организираат во месец септември. Заедно со одржувањето на изборите се очекува и враќање на тензијата.

А за најголемата закана за мирот на Балканот – Србија, пристапот „морков и стап“ од страна на ЕУ се чини дека отпадна и во последно време само моркови и ласкања се нудат од ЕУ и меѓународната заедница. Како резултат на тоа, Министерството за одбрана на Србија отворено им се закани на земјите од регионот, посочувајќи дека нивното членство во НАТО не ги решило сите нивни проблеми.

Од друга страна, Косово тврдоглаво продолжува да се залага за членство во ЕУ и НАТО и покрај тоа што сега се соочува со казнени мерки од ЕУ поради тензиите на северот на Косово. Без разлика на тоа, членството на Косово во ЕУ и НАТО е потреба, додаваат од „Роберт Ленсинг Инстиутот“.

Слични содржини