Анастасија вечерва ќе го прослави 23-тиот роденден, има посебен услов за влез на забавата

од Stefanija Kuzmanovska

Анастасија Ражнатовиќ на прославата на својот 23-ти роденден ќе пушта само вакцинирани гости!

Младата пејачка вечерва прави забава во еден белградски ресторан, а поканети се околу стотина гости. Пејачката нема да побара потврда за вакцинација на влезот, но покана им ја испратила само на оние за кои знае дека биле вакцинирани.

– Анастасија многу сериозно ја сфати целата ситуација со короната и никогаш не би дозволила да се шири вирусот на нејзина забава. Затоа, таа одлучи да покани само пријатели кои примиле вакцина. Имајќи предвид дека се дружи претежно со луѓе што мислат како неа, таа ќе успее да собере околу сто луѓе – вели извор близок до Ражнатовиќ.

Пејачката со денови подготвуваше сè за прославата бидејќи сакаше секој детал да биде совршен.

Слични содржини