Ангел Димитров изнесе тешки квалификации, вели Османи

од Nikola Popovski

Се согласувам. Тоа беа сериозни, тешки и неодговорни квалификации и кои што доколку беа кажани од аналитичар, ќе ги игнорирав. Но тоа што доаѓаат од претседател на Комисија формирана од Владата, даваат тежина. Како што ќе се зголемуваат изгледите до решение, така ќе се вознемират луѓето кои изградиле кариера на оваа тема и кои што би сакале двете влади да се одвратат од позитивна динамика и да ја почнат да ја следат таа реторика. Квалификациите не помагаат во целта, но бугарската влада е конструктивна за решение. Имаме дијалог без провокации и со отворени разговори, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи за изјавата на копретседавачот од бугарската страна во Мешовитата историска комисија, Ангел Димитров, кој неодамна напиша дека Македонија може да биде „тројански коњ“ на Москва.

Според Османи, тоа што очекуваме е достоинствено решение во спорот со Бугарија.

-Не може решение со незадоволна страна. Во двете општества како се зголемуваат изгледите, така ќе се зголемуваат и негаторите на темава. Треба мудро да не дозволиме и ние да наметнеме агенда, рече Османи во брифинг со новинарите.

Димитров во својата колумна за БГНЕС напиша и дека Трумфалната капија во центарот на Скопје е споменик на иредентизмот, додека Гоце Делчев и Даме Груев никогаш не јавале во костуми.

Слични содржини