Ангелов: Ако ВМРО ДПМНЕ беше на власт, состојбата со Ковид 19 ќе беше иста, можеби и полоша

Во своето гостување во „Само вистина“,  директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов посочи дека С.Македонија успешно се соочува со предизвиците од Ковид 19. Оттаму смета, дека нашата земја не доцни со вакцинацијата и дека сепак не сме моќни сами, во директни договори да ги набавиме потребните договори за вакцинација.

„Сметам дека како Влада немаме причина да ги криеме бројките во однос на заразените од Ковид 19. Политиките на Владата, се по основ на алгоритмите на СЗО, што се покажаа како успешни. Исто така, сметам дека има учени луѓе во опозицијата, поконкретно во ВМРО ДПМНЕ, кои и самите знаат дека доколку и тие би биле на власт, состојбата би била иста, ако ме прашувате мене, можеби и полоша. Пак ќе кажам, сметам дека без оглед на бројките, успешно се справуваме со оваа болест. Што се однесува до вакцините пак, пред нецели 40 дена почна вакцинирањето во ЕУ, што значи дека не доцниме многу. Планот е составен и јасно е како ќе бидат поделените групите во однос на имунизацијата. Тешко е за држава како С.Македонија, да обезбеди преку директни договори да набави вакцини. Ќе бевме среќни да не доцниме, но тоа е невозможно“, истакна Ангелов.

Слични содржини