Анѓушев: Владата не планира да плаќа обештетување за расикнатиот договор за Иловица

од Aleksandar Todeski

Не би можеле да зборуваме за никаква отштета бидејќи ако Владата го раскинала договорот цени дека имала право на тоа, така што не планира да плаќа обештететување ако имала право. Тоа е проценката, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање за можноста државата да плаќа отштета на Еуромакс ресурси откако со одлука на Владата беше еднострано раскинат договорот со оваа компанија за рудникот Иловица.

Прашан каква порака се испраќа до инвеститорите со овој случај, Анѓушев нагласи дека сите обврски што ги презела државата во договорите со инвеститорите ги исполнила.

„Не постои договор во којшто државата се обврзала дека ќе исполни обврска и договор којшто е неисполнет“, наведе Анѓушев. Канцелариите за привлекување странски инвестиции што ги најави Владата, како што информира, ќе бидат отворени откако Собранието ќе го изгласа законот за технолошко индустриски развојни зони. Додаде дека за тоа се обезбедени буџетски средства.

Слични содржини