Анкета на „Евроспорт“: Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња

од Vladimir Zorba

„Евроспорт“ спроведе анкета меѓу своите читатели за тоа кого го сметаат најдобриот тенисер на сите времиња.

Направен е „костур“ од осум играчи од Опен ерата, а пристигнаа 900.228 гласови.

На крајот, во финалето, како победник излезе Новак Ѓоковиќ, кој условно кажано го совлада Роџер Федерер.

Пред тоа, најдобриот српски спортист го совлада Род Лејвер во четвртфиналето, а Американецот Пит Сампрас во полуфиналето.

„Евроспорт“ конечно се обиде да ги смири Швајцарецот.

„Федерер сигурно не е премногу загрижен. Сигурни сме дека треба многу повеќе од ова за освојувачот на 20 Гренд-слем да се „налути “.

„Евроспорт“ ќе ја спроведе и анкетата кога станува збор за тенисерките, а гласањето ќе трае од четврток до недела.

Слични содржини