Анкета на ИРИ за локалните избори: СДСМ со 19% води пред ВМРО-ДПМНЕ со 16%

од Nikola Popovski

На анкета на ИРИ којашто денеска беше презентирана, СДСМ со 19% води пред ВМРО-ДПМНЕ со 16% за локалните избори.

СДСМ води пред ВМРО ДПМНЕ во Скопје со значителна разлика од 21% наспроти 16%.

СДСМ води и во другите градови, во некои и повеќе од двојно па дури и тројно.

Таков е примерот со Куманово. Во Куманово, СДСМ води 28% наспроти само 7% од ВМРО-ДПМНЕ.
Или во Штип, СДСМ има 34% а ВМРО-ДПМНЕ само 15% рејтинг меѓу штипјани.

Во Охрид, градот во којшто ВМРО-ДПМНЕ денеска одржува настан, СДСМ води со 22% наспроти 16% од ВМРО-ДПМНЕ.

Рејтингот на Зоран Заев е исто така поголем од рејтингот на Мицкоски кој едвај има 6%.

Според оваа анкета на релевантниот ИРИ, на неколку месеци пред изборите СДСМ е фаворит на локалните избори.

Слични содржини