Антонио Бандерас: Срцевиот удар е најдоброто нешто што ми се случило

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер Антонио Бандерас истакна дека 2017 година била пресвртница во неговиот живот.

Холивудската ѕвезда Антонио Бандерас преживеа срцев удар во 2017 година, а сега проговори за се што поминал и што научил од тоа. Тој истакна дека од тогаш неговиот живот значително се променил.

„Ме натера да го ценам животот на сосема поинаков начин и на многу посилен начин. Тоа го промени мојот живот целосно и засекогаш. Иако имав среќа затоа што срцев удар може да те убие… на некој начин, тоа е еден од најубавите работи што ми се случија во животот, да доживеам срцев удар“, рече тој.

Бандерас итно бил префрлен во болница откако имал болки во градите за време на тренинг. Подоцна се испостави дека имал срцев удар. Според извештаите, неговата тогашна девојка, Никол Кимпер, всушност му го спасила животот, бидејќи за време на нападот му го дала најсилниот Аспирин, кој случајно го купила претходниот ден поради главоболки.

По овој страшен момент во животот, тој престанал да конзумира цигари и алкохол, а неколку пати изјави дека 2017 година била означена како пресвртница во неговиот живот. Инаку, Антонио бил заразен со коронавирус во 2020 година, што го дознал токму на неговиот 60-ти роденден. За среќа поминал без посериозни последици.

Слични содржини