Апасиев пред Обвинителство: Добивам закани

од Vladimir Zorba

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев денеска пред Обвинителството изјави дека добивал закани кон него и кон неговото семејство.

Тоа наводно се случило откако беа поднесени кривични пријави за говор на омраза проради неговите Фејсбук објави.

Апасиев е повикан на распит поради кривичните пријави против него поднесени од страна на МВР, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Тања Милевска и Мерсиха Смаиловиќ и одговарал на прашања час и половина.

Вели дека не очекува обвинение за случајот, но најави кривични пријави против оние кои го пријавиле за наводното ширење омраза.

За своите постови вели дека нема да престане да ги објавува, бидејќи се држи до практиката на Европскиот суд за човекови права.

Слични содржини