Арсенал е жив!

од Vladimir Zorba

Малкумина му даваа шанса на Арсенал пред дербито со Челзи во рамките на 15-то коло во Премиер лигата, но играчите во „црвено-бели“ дресови денеска го одиграа најдобриот натпревар оваа сезона и целосно го надиграа фаворизираниот ривал – 3:1 (2:0).

Со само четири победи и две нерешени средби на претходните 14 дуели, „Топџиите“ го пречекаа дербито на 15-тата позиција, додека „сините“ имаа можност да се искачат на второто место со победа.

Сепак, непишаното правило што тренерите сакаат да го истакнуваат е потврдено – формата во дербито не значи ништо.

Немаше публика да ги носи, ниту добро го дочекаа мечот, но играчите на Арсенал сакаа да победат многу повеќе од својот ривал, тие беа поконкретни и побрзи на теренот, што на крајот им се врати со победа што може да значи пресвртница во сезоната.

Не само за тимот, туку и за Микел Артета, бидејќи започнаа да кружат приказни за неговото отпуштање и вработувањето на Томас Тухел, кој одеднаш ја загуби работата во Пари Сен Жермен.

Слични содржини