Арсовска: Не се откажувам од оваа трка, се што кажаа е лага

од Берта Китинска

Прво и основно јас во целост го демантирав ова кое што го дочекавме и премиерот да излезе и да го кажува јавно, бидејќи самото тоа доаѓа од човек кој што ги продаде македонските национални интереси, пред се од човек чии совети ги барал изминатите години и барал економски мерки да му се даваат, немал никаква забелешка ниту на мојата личност ниту на мојата професионалност, вели во Дневникот на Сител, кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска.

-Сега одеднаш во 5 дена откако и самиот кажа дека ќе си даде оставка од својата премиерска позиција доколку го изгуби градот Скопје сметам дека на сите скопјани им е јасно што тоа значи. Јас од оваа трка не се откажувам бидејќи цврсто стојам дека се ова што го кажаа е лага и се тоа ќе го докажам низ постапки. Она што би им го порачала е дека очекувам во понеделник кога ќе ги изгубите овие избори да си ја исполните оставката која што ја ветивте, кажа Арсовска.

Слични содржини