Астон Мартин од следната година во Формула 1

од Stefanija Kuzmanovska

Производителот на автомобили Астон Мартин ќе се врати во Формула 1 следната година, по преземањето вредно скоро една милијарда долари.


„Бренд со педигре и историја како Астон Мартин мора да се натпреварува на највисоко ниво на мотоспортот“, рече сопственикот на „Рејсинг Поинт“, Лоренс Строл, кој го презеде Астон Мартин.

Астон Мартин ќе има тим во Формула 1 за прв пат од 1960 година.

Сегашните возачи на Рејсинг се синот на сопственикот Ленс Строл и ветеранот Серхио Перес.

Базата на Астон Мартин ќе биде патеката „Силверстон“ во Велика Британија.

Слични содржини