Audi го најави новиот Q3

од desk2

После новиот А1 Sportback, време е за освежување и на новата генерација на Audi Q3.

Audi втората генерација на својот кросовер, ќе ја претстави во среда на 25 јуни.

После бројните шпионски фотографии, Audi, во тизерот, преку кој го најави овој модел, го потврди новиот дизајнерски стил во своето SUV семејство.

Иако нема да има премногу отстапки, во однос на претходниот модел, новиот Q3 ќе има значително помодерна линија.

Кога станува збор за погонот, се очекуваат стандардните агрегати, 1,5 литарски TSI и 2,0 литарски TDI, а подоцна и plug-in хибрид, со домет од 50 километри само на струја.

За време на 2019 година, се очекува да се појават и спортските варијанти SQ3 и RS Q3.

Слични содржини