Авионот на Пригожин слета во Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska

Деловниот авион на основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, полетал од рускиот град Ростов на Дон за Белорусија, а уште еден авион пристигнал таму од Санкт Петербург, објави независниот медиум „Белорусиан Хајун“, повикувајќи се на податоци на Flight Radar.

Авионот на Евгениј Пригожин со регистарски број RA-02795 слета на аеродромот Мачулишчи во близина на Минск во 7:40 часот.

Уште еден авион пристигна од Русија: бизнис џет BAe 125-800B со регистарски број RA-02878 кој полетал од Санкт Петербург и слетал на аеродромот Мачулишчи во 07:58 часот.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека акциите на руските служби, здравиот разум на мнозинството членови на Вагнер и „патриотскиот дух на руските граѓани“ биле одлучувачки во задушувањето на бунтот предводен од Пригожин против руското воено раководство. Тој им понуди на вагнеровците неколку опции – да се приклучат на руската армија, да одат кај нивните семејства или да одат во Белорусија.

Про-Кремљ сајтот lenta.ru вчера, повикувајќи се на Телеграмскиот канал Бриф, објави дека основачот на Вагнер веќе бил виден во Минск, во хотелот Green City со три ѕвезди на периферијата на градот.

Самиот хотел не можеше да потврди дека Пригожин престојувал кај нив, повикувајќи се на доверливоста на информациите за гостите. Тие појасниле и дека немаат луксузни соби, а најскапата опција за сместување е соба од „подобрена“ категорија која чини 180 белоруски рубљи (околу 65 евра) за ноќ.

Слични содржини