Австралија одлучна: Од ЕУ бараат 3 милиони дози вакцини од следниот производител

Австралиските власти денес објавија дека ќе побараат од Европската унија да испорача повеќе од три милиони дози вакцина Астра Зенека против ковид-19.

Европската унија вчера негираше дека ја блокирала испораката на вакцини во Австралија, која драматично заостанува во исполнувањето на целите од својата програма за вакцинирање.

ЕУ исто така соопшти дека не е одговорна за неуспехот на АстраЗенека да ги исполни своите обврски кон другите земји, пренесува Ројтерс.

Австралискиот премиер Скот Морисон рече дека ако ЕУ сега е подготвена да ги ослободи пратките, тој повторно ќе побара испорака на 3,1 милиони дози. Првично беше планирано 3,1 милиони дози да пристигнат во Австралија до крајот на март.

“Очигледно ги сакаме тие милиони дози. Со оглед на најавите дадени во текот на ноќта, очигледно нема никаква пречка за тоа и се надевам дека може да се реши”, рече Морисон.

Тој инсистираше на тоа дека тоа не биле критики кон ЕУ, но високи членови на неговата влада продолжија да ја обвинуваат ЕУ за блокадата на вакцините и тврди дека доцнењето во приемот на 3,1 милиони дополнителни дози е причината зошто тој заостанува во вакцинацијата.

Само околу 670.000 луѓе во Австралија се вакцинирани против ковид-19, што е значително пониско од првичната цел на владата за четири милиони до крајот на март.

Австралија забележала мал број случаи на ковиди во споредба со повеќето земји, но бавната вакцинација прави се поголем притисок врз владата, според британската агенција.

Слични содржини