Актуелно
Почетна / Спорт / Австралија опен: Кирјос на мечот со Надал се појави со дрес на Брајант

Австралија опен: Кирјос на мечот со Надал се појави со дрес на Брајант

Австралискиот тенисер Ник Кирјос на денешниот дуел со Шпанецот Рафаел Надал се појави со дрес на Лејкерс во спомен на легендата во НБА, Коби Брајант кој вчера го загуби животот во хеликоптерска несреќа.

Кирјос пред мечот плачеше на својата клупа, а за време на подготовките носеше дрес на Лејкерс со број 8, еден од двата броја кој ги носеше Коби во својата кариера.

Кирјос и Надал претпладнево го играат претпоследниот дуел од осминафиналната фаза на Грен слемот Австралија опен

loading...