Австрија од 4 јуни воведува „зелен пасош“

од Stefanija Kuzmanovska

Австрија од 4 јуни воведува „домашна“ верзија на таканаречениот „зелен пасош“, бидејќи парламентот донесе одлуки кои тоа го дозволуваат.

Со гласовите на владејачките партии – Народната партија (ОВП) и Зелените, како и опозициската Социјалдемократска партија (СЈО) и Неос, со опозицијата на Партијата на слободата (ФПО), беше усвоена правната основа за воведување на „зелениот пасош“.

Зелениот пасош, според одлуката на парламентот, ќе биде доказ преку QR код или како PDF документ дека некој бил вакциниран, тестиран негативно или дека прележал коронавирус.

Станува збор за австриска верзија, која, како што е најавено, ќе биде компатибилна со верзијата на ЕУ, која треба да го олесни патувањето во рамките на Унијата од први јули.

Слични содржини