Азар е жеден за успеси со Челзи

од Vladimir Zorba

Белгиската ѕвезда на Челзи, Еден Азари сподели по победата со 2:0 над Саутемптон во полуфиналниот натпревар од Купот на Фудбалската асоцијација Англија дека „сините“ од Лондон продолжуваат да се стремат кон топ 4 во англиската Премиер лига.

„Дадовме сè од себе и покажавме многу добар фудбал, особено што се однесува до второто полувреме. Челзи ја контролираше играта. Сега одиме во финалето, повторно ќе се вратиме кон задачите во Премиер лигата, а потоа ќе можеме да размислуваме за финалниот натпревар против Јунајтед“.

„Саутемптон има добри играчи, многу добри. Затоа мораше да бидеме на штрек секогаш кога топката се најде во нозете на противникот. Ако се појави можност да се даде втор гол и да се затвори прашањето со победникот, тоа задолжително треба да се направи. Сега уживаме во финалето. Нашата цел е да ја завршиме сезоната во топ 4 и да го освоиме Купот на Англија“, рече Азар.

Задачата на Челзи нема да е воопшто лесна, бидејќи тимот се наоѓа на 5-тото место со предност од 63 поени и е на 5 поени од четвртиот Тотенхем. Покрај тоа, фудбалерите на Антонио Конте ќе се соочат во финалето на ФА Купот против тимот на Манчестер Јунајтед.

Слични содржини