Бајден потпиша закон за отстранување на ознаките на тајност за потеклото на ковид-19

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се бара од директорката на националното разузнавање Аврил Хејнс да ги отстрани ознаките на тајност од информациите поврзани со потеклото на ковид-19, соопшти Белата куќа.

Бајден рече дека ја споделува целта на Конгресот да бидат објавени што е можно повеќе информации за потеклото на ковид-19.

Сепак, Бајден нагласи дека неговата администрација ќе ја има на ум националната безбедност кога одлучува што ќе биде јавно објавено, објави „Ројтерс“.

Слични содржини