Баба ми и тетка ми се заробени во зградата: Турската актерка очајна по земјотресот моли за помош!

од Radmila Tasevska

Турската актерка Мелиса Памук ги замоли своите следбеници на Твитер да и помогнат да ги бара баба и ѝ тетка и, по страшниот земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер рано утринава ја погоди Турција.

Мелиса не знае што се случило со членовите на нејзиното семејство, па побарала помош на Твитер:

„Баба ми не може да оди, болна е … Баба и тетка се заробени во зградата. Не знаеме во каква состојба е станот, дали има некој наоколу да помогне“, напиша актерката.

Во објавата ја додала домашната адреса на баба и ѝ тетка и за некој да оди да ги провери.

На социјалните мрежи се огласија и други турски ѕвезди кои на сите повредени им посакаа брзо закрепнување.

Слични содржини