Бачовски: Нашата цел е унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани

од Берта Китинска

„Нашата цел, нашата политика е унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани. Учествувавме и во инфраструктурниот развој на општина Кочани и околните села. Со финансиска поддршка од програмата за рурален развој го поврзавме Градче со градот Кочани, се асфалтираа улици за поврзување на село Оризари со Кочани, се градеше во Долни Подлог, Мојанци, Тркање и Прибачево“ кажа членот на Извршниот одбор на СДСМ, Никица Бачовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Кочани.

„ Учествуваме и во изградбата на патот Крушка – Ајдар, а сите кочанчани и останати посетители денес можат да го посетат манастирот Пресвета Богородица возејќи се по нов модерен пат“ кажа Бачовски.

Тој додаде дека чесната и одговорната работа на СДСМ дава реални позитивни резултати во развојот на земјоделството, инфраструктурните проекти и заштитата на животната средина. Нагласи дека со политиките на СДСМ народот може само да има полза и полесен и подобар живот.

„Ја користам приликата од овде да најавам дека веќе од наредната недела ќе почнеме со склучување на договори за грант за набавка на комбајни за ориз со сецкалици. Со овој потег трајно го решаваме и проблемот со палење на остатоците од оризовата слама кои со помош на комбајните ќе се собираат и сецкаат“ рече Бачовски.

Бачовски потенцираше дека на граѓанските трибини „Најдоброто за нашата општина“, претставниците на СДСМ ги слушаат гласот, предлозите и сугестиите на граѓаните за да ги вградат во новите политики и програми за локалните избори.

Слични содржини