Баерн го контактира Тухел

од Aleksandar Petrovski

Управата на Баерн Минхен го контактирала тренерот на ПСЖ, Томас Тухел во обид да го ангажира.

Како што пренесува Скај Германија, челниците на германскиот клуб се распрашувале дали Тухел веднаш би бил на располагање, или следното лето.

Баерн бара нов тренер откако Нико Ковач го напушти клубот по поразот од 1:5 од Ајтрахт Франкфурт.

ПСЖ соопшти дека тренерот ќе остане до крајот на сезоната, а неговиот понатамошен престој ќе зависи од резултатите на тимот.

Тухел во 2018 година го презеде ПСЖ со кој ја освои шампионската титула и два Суперкупа.
Неговиот договор со францускиот шампион истекува 2021 година.

Слични содржини