Бахреин е втора земја во светот што даде дозвола за вакцината „Фајзер“

од Vladimir Zorba

Кралството Бахреин е втора земја во светот што издава дозвола за итна употреба на вакцината против Ковид-19 развиена од Фајзер и БајоНТек, пренесе АП.

Дозволата е издадена по детална анализа на сите достапни податоци, изјави денеска државната новинска агенција на Бахреин.

Кралството не соопшти колку дози на вакцина биле набавени или кога ќе започне вакцинацијата.

Бахреин претходно издаде дозвола за итна употреба на кинеска вакцина изработена од „Синофарм“.

Вакцината, изработена од американската компанија „Фајзер“ и германската компанија „БајоНтек“, беше одобрена од Велика Британија во средата.

Слични содржини