328
Американскиот претседател Џо Бајден го опиша повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција за заштита на жените од насилство како „длабоко разочарувачко“ и како чекор назад во напорите да се стави крај на насилството врз жените.
„Државите треба да работат на зајакнување и обновување на своите ветувања за ставање крај на насилството врз жените, а не да ги отфрлаат меѓународните договори што ги штитат жените и ги изведуваат сторителите пред лицето на правдата“, рече Бајден.
Бајден рече дека потегот на Анкара е разочарувачки чекор наназад за меѓународното движење кое се бори за ставање крај на насилството врз жените ширум светот.