Бајден: Климатските промени се егзистенцијална закана за нашата нација и светот

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден иако за време на вчерашното обраќање за климатските промени не прогласи вонредна состојба, како што побараа неговите сопартијци, тој презентираше дека климатската криза е вонредна состојба и најави дека како таква ќе ја третира.

„Климатските промени се буквално егзистенцијална закана за нашата нација и светот. Ова е вонредна состојба и јас ќе гледам на тоа (точно) на тој начин“, рече Бајден, пренесе „Ројтерс“.

Американскиот претседател рече дека во наредните денови неговата администрација ќе објави повеќе акции за борба против климатските промени.

Слични содржини