Бајден: Лидерот на Ал Каеда убиен во напад со дрон во Авганистан

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Џозеф Бајден потврди дека САД го убиле лидерот на „Ал Каеда“ Ајман ал Завахири во напад со беспилотно летало за време на викендот во Авганистан, што е најголемиот удар за терористичката организација од убиството на нејзиниот основач Осама бин Ладен во 2011 година.

„Сега правдата е задоволена и овој терористички лидер го нема“, рече Бајден, говорејќи од Белата куќа.

Американскиот претседател истакна дека по повеќемесечно планирање дал конечно одобрение за „прецизен удар“ врз 71-годишниот лидер на Ал Каеда.

Водачот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, се верува дека е убиен во напад со беспилотно летало извршен од американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), изјави неименуван американски функционер за Ројтерс.

Двајца американски функционери претходно за британската агенција изјавија дека ЦИА извршила напад со беспилотно летало во Авганистан.

Слични содржини