Бајден наредил да бидат споделени доказите за руските воени злосторства со судот во Хаг

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден тајно им наредил на САД да почнат да ги предаваат доказите за руските воени злосторства во Украина до Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, објави денеска „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на добро информирани извори.

Според извори блиски до администрацијата во Вашингтон, ваквата одлука на американскиот претседател укажува на сериозни промени во американската политика, пренесува „Укринформ“.

Пентагон претходно тврдеше дека предавањето докази на МКС потенцијално може да доведе до гонење на американската војска.

Слични содржини