Бајден по нападот кај Капитол: Ова е тешко време…

од Vladimir Zorba

Знамињата кај Белата куќа беа спуштени на половина копје по наредба на американскиот претседател Џо Бајден, по повод смртта на полицаецот кој почина синоќа во нападот кај Капитол Хил.

Бајден во изјавата рече дека тој и неговата сопруга Џил биле скршени поради смртта на Вилијам Еванс, кој помина 18 години во полицијата во Капитол, пренесува АП.

„Знаеме колку е тешко ова време за Капитол, за сите оние кои работат таму и кои го штитат“, рече Бајден.

Тој изрази благодарност до полицијата во Капитол и Националната гарда за брзиот одговор на нападот.

Претседателот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, исто така, нареди знамињата да се спуштат на половина копје во зградата на американскиот Конгрес.

Напаѓач вчера ја проби барикада кај Капитол, уби еден и рани друг полицаец, а полицијата за Си-Ен-Ен потврди дека напаѓачот бил вооружен со нож и дека бил усмртен од полицајци.

Американските медиуми подоцна објавија дека напаѓачот е идентификуван како следбеник на групата „Исламска нација“, но полицијата се уште не ја потврдила таа информација.

Според „Њујорк пост“, осомничениот напаѓач е Ноа Грин (25) од Вирџинија, а тој на Фејсбук се опишал како „следбеник на Фарахан“, водачот на групата „Исламска нација“ – Луис Фарахан.

Слични содржини