Бајден: Усвоениот план за помош ќе им помогне најмногу на загрозените семејства

од Берта Китинска

Планот за помош усвоен во Сенатот нè става на патот на победата против вирусот, тој им дава најмногу на загрозените семејства на кои им е најпотребно, како и на малите претприемачи, рече американскиот претседател Џо Бајден.

„Планот е историски и ќе помогне да се преполови бројот на деца кои живеат во сиромаштија“, рече Бајден откако Сенатот усвои пакет мерки за помош за граѓаните загрозени од пандемијата на коронавирусот, вреден 1,9 000 милијарди долари, во саботата.

Во своето обраќање од Белата куќа, Бајден им се заблагодари на сенаторите кои постигнаа компромис и го поддржаа планот, пишува Гласот на Америка. Претседателот на САД рече дека пакетот помош ќе се искористи за производство и дистрибуција на вакцината и изрази очекување дека во мај ќе има доволно вакцини за сите граѓани.

„Повеќе пари значат повеќе вакцини, но и повеќе пунктови за вакцинација. Директните исплати на финансиска помош ќе започнат до крајот на месецот“, објави Бајден, додавајќи дека 85 проценти од американските домаќинства ќе добијат 1400 американски долари по лице.

Слични содржини