Бајден за пресудата на Младиќ: Се надевам дека лидерите во регионот ќе ја почитуваат оваа пресуда

од Stefanija Kuzmanovska

„Пред скоро дваесет и шест години, Ратко Младиќ нареди погубување на околу 8.000 невооружени мажи и момчиња во Сребреница. Тој исто така водеше брутална повеќегодишна опсада на Сараево и беше одговорен за многу други злосторства“, рече американскиот претседател Џо Бајден во неговиот одговор на денешната пресуда против Ратко Младиќ.

„Меѓународниот суд во Хаг денес ја потврди неговата осуда за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства. Оваа историска пресуда покажува дека оние што ќе направат ужасни злосторства ќе одговараат. Исто така, ја зајакнува нашата заедничка решеност да спречиме идни злосторства да започнат насекаде во светот“, рече Бајден како одговор на пресудата.

Како што изјави тој, правдата и помирувањето се темелот на мирот за стабилноста.

„Соединетите држави помогнаа во водењето на меѓународните напори да се стави крај на злосторствата во Босна и Херцеговина, да се изнесат пред лицето на правдата оние што извршија злосторства таму и во другите делови на поранешна Југославија и да воспостават траен мир во таа земја и поширокиот регион. Благодарни сме за неуморната работа на Трибуналот на ООН во изминатите две децении за случаи поврзани со конфликтот на Балканот и на сите оние чија посветеност ја овозможи оваа пресуда. Правдата и помирувањето се темелот на мирот и стабилноста за иднината, а денешната одлука е исто така важна потврда дека тоа е можно. Искрено се надевам дека лидерите во регионот ќе ја почитуваат оваа пресуда и ќе го зајакнат нејзиното значење за владеењето на правото“, истакна Бајден.

Слични содржини