Бајрамовска: Жителите на Визбегово трите деца ги нарекоа „страно тело“

од Viktor Jovanov

Заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска информираше дека жителите од Визбегово поднеле преставка на крајот на октомври со што бараат да се интервенира за, како што кажа „елиминирање на инјектирањето на страно тело во Визбегово“.

-Наводите беа сериозни дека се работи за деца кои ја загрозуваат безбедноста на останатите деца во оваа населба, дека се работи за деца без контрола во доцните часови со разни видови ладно оружје со кое влегуваат по домови, вели Бајрамовска додавајќи дека фактичката состојба по проверката на народниот правобранител не била онакаква каква што ја опишале жителите на Визбегово.

-Излеговме на терен и утврдиме сосема спротивна слика. Утврдивме дом во кое секое едно дете би сакало да живее со 24 часовен надзор од страна на вработените. Му се дава можност на детето да се развива интелектуално. Ранка Милановиќ беше напуштена установа, нефункционални соби, буквално хаос. Тоа беше повод да побараме итно преземање мерки за префрлување на децата од таа установа, вели Бајрамовска.

Заменичката народен правобранител смета дека причина за ваквото однесување на жителите на Визбегово е нивната недоволна информираност.

Слични содржини