Една од омилените кукли на малите и веќе пораснати девојки е Барби куклата. Последната вест околу неа е дека таа веќе се нуди во три нови форми, како и со 7 различни бои на кожата.8445f43f548109e981b81c316976b46e
Од моментот на своето создавање во 1959 година, сликата на совршена кукла била постојано осудувана поради своите невозможни телесни пропорции. Овој нов чекор кој го презема компанијата носител на Барби, Mattel, ќе претстави на кукла во лик, кој одговара на модерните времиња.ec4e01062d92db7400b2bd92e59ea500

“Со воведувањето на поголема разноликост во линијата Барби им се нуди на девојките избор, кој добро го одразува денешниот свет. Новата колекција “Barbie Fashionistas” вклучува нови три форми на телото, 7 бои на кожата, 22 бои на очите, 24 фризури и безброј нови модни комбинации и додатоци “, велат од компанијата.52433d2d6dd4bda99411f7e94039a3a1

Полнички, силни и мињончиња, ќе бидат изгледите кои ќе го збогатат семејството на Барби. Најмногу желниѕе може да нарачаат нов модел кукла на интернет, а по неколку недели Барби ќе биде достапна и во трговската мрежа.
Галерија: facebook Barbie

Слични содржини