Барди: Се чуствувам одлично, го живееме сонот

од Stefanija Kuzmanovska

Македонскиот репрезентативец Енис Барди изјави дека се чуствува одлично и дека едвај почнува да почне Европското првенство.

Енис Барди беше заразен од коронавирусот, но пред неколку дена доби негативен тест и им се придружи на своите колеги од националниот тим на Македонија.

Во стручниот штаб беа загрижени дека Барди ќе мора да оди на дополнителна пауза, но за среќа тој се приклучи на останатите играчи.

„Се чуствувам одлично. Едвај чекаме да почне првенството. Го живееме сонот. Македонија покажа дека вреди. Цел свет ќе дознае дека во Македонија се игра одличен фудбал“, посочи фудбалерот на Леванте.

Слични содржини