Барселона доби дозвола: Нов напаѓач пристигнува на Ноу Камп

од Nikola Popovski

На Барселона и беше дадено зелено светло да донесе засилување во нападот во наредните 15 дена, по повредата на Усман Дембеле.

Иако преодниот рок за трансфери заврши пред половина месец, правилата на Шпанската федерација му овозможуваат на тимот од Ноу Камп да донесе нов играч затоа што Дембеле ја заврши сезоната.

Бидејќи Каталонците ја обезбедиле целата потребна медицинска документација за Французот, локалните власти дадоа дозвола за трансфер.

Замената за Дембеле мора да биде играч кој моментално игра во Шпанија или е без клуб и ќе има право само да игра во Ла Лига.

Во моментов, тренерот Ернесто Валверде има на располагање само тројца напаѓачи Лионел Меси, Антоан Гризман и Ансу Фати, заедно со албанскиот интернационалец од вториот тим, Реј Манај.

Покрај Дембеле повреден е и Луис Суарез, но неговото враќање на теренот се очекува наскоро.

Сепак, Барселона не сака да остави ништо на случајот и досега се поврзува со имиња како Анте Родригез од Гетафе, Лукас Перез од Алавес и Вилијам Хозе од Реал Сосиедад.

Слични содржини