Барселона не се откажува од Меси

од Stefanija Kuzmanovska

Според одредени извори, Барселона подготвила очајна понуда во желбата да го задржи Лионел Меси.

Според некои медиуми во Аргентина и Шпанија, како што се „Ас“ или „Оле“, клубот од стадионот „Камп Ноу“ повторно го контактирал Меси преку новиот извршен директор Феран Ревертер.

Иако „Ас“ целата ситуација ја нарече „циркус“, тој сепак ги пренесува тврдењата на „БT“ дека Ревертер ги поканил Меси и неговиот татко Хорхе со нова, последна понуда.

Веста се појави во два часот по полноќ по средноевропско време, па затоа е тешко да се потврди или негира колку е ова вистина.

Според тие извори, Барселона се уште не ја затворила вратата за продолжување на соработката со Лео.

Деновиве се чинеше дека дефинитивно е ставена линија под сагата за Меси.

Неговиот трансфер во редовите на Пари Сен Жермен е очекуван, но каква е ситуацијата во Барселона и каков хаос владее моментално на „Камп Ноу“, не е исклучено дека навистина се обиделе да го задржат својот најдобар фудбалер.

Слични содржини