Барселона заинтересирана за Димитриевски!

од Nikola Popovski

Раководството на фудбалскиот клуб Барселона е заинтересирано да го ангажира голманот на Рајо Ваљекано и репрезентацијата на Македонија Столе Димитриевски во зимскиот преоден рок.

Веста прво била објавена во шпанската спортска емисија „Ел Чирингито“, а потоа се проширила и на другите медиуми во Шпанија.

Се посочува дека управата на клубот не е задоволна од формата на првиот голман Марк Тер Штеген и дека е подготвена да достави понуда за Димитриевски во јануари.

Димитриевски е најдобар голман во „Ла Лига“ оваа сезона, со најголем процент на одбранбени удари. Зад себе има извонредна година во Рајо Ваљекано и во македонската репрезентација каде што се истакна на ЕП“, шпански. пишуваат медиумите.

Дел од медиумите кои ја пренесоа информацијата оценуваат дека Димитриевски би бил сериозна закана за Тер Штеген и покрај тоа што германскиот голман се уште се смета за прва опција.

„Тер Штеген сепак би бил прв голман, но јасно е дека Димитриевски ќе биде сериозна закана, бидејќи ги има сите перформанси да биде прв чувар на мрежата на Барселона“, се наведува.

Димитриевски сезонава е голман со најмногу одбрани во шпанската Примера (80,6 отсто), додека Тер Штеген има 56,8 отсто одбрани.

Слични содржини