Беџети го праша Стоилковиќ дали станал министер за односи со Република Српска, членот на Владата му порача: „Додик се качи на Месечината и отиде во САД, а вас никој не ве прима“

„Дојдете со мене во Куманово и видете како живеам со припадниците на албанската заедница, ќе бидете изненадени“, му вели Стоилковиќ на пратеникот од ДУИ

од Nikola Popovski
57 прегледи Фото: Принтскрин

Пратеникот од Европскиот фронт, Блерим Беџети, од собраниската говорница го праша министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, дали е предводник на ресорот или министер за односи со Република Српска.

Беџети го замоли Стоилковиќ да ги покаже конкретните резултати на Министерството и работата за имплементација и зачувување на Охридскиот рамковен договор.

„Дојдете со мене во Куманово и видете како живеам со припадниците на албанската заедница, ќе бидете изненадени“, му рече Стоилковиќ во одговор, обвинувајќи ја ДУИ дека работи само за Албанците.

„Она што го работевте само за Албанците, сега се работи за сите, еве ги резултатите и можете да ги проверите со сите припадници на заедниците во нашата земја. Ако сè уште ви требаат објаснувања, ќе ви ги дадам. Знам што ве боли. Седиштето на паралелната држава во Македонија, каде што се донесуваа сите одлуки, е изгубено, условно кажано“, изјави министерот, додавајќи:

„Не ви помага нападот кон мене по системот, тој е пријател со Додик. Додик се качи на Месечината и отиде во Америка, а вас никој никаде не ве прима. Таа фрустрација што ја носите, сакате да ја преселите кон мене, но не можете“.

Беџети во својот одговор изјави дека министерот не треба да зборува за лични искуства, туку за работата на Министерството како колективна институција.

„Слушајте, со најголема љубезност, го кажувам ова, не затоа што сте Србин по етничка припадност. Сите сме луѓе. Тоа Министерство го кажа тоа многу добро, тоа е многу важно и владата на ВМРО-ВЛЕН ви ги довери и делегираше тие надлежности. И ништо не се прави во потврдата и тоа е обврска што произлегува од Охридскиот договор, но ништо. Не е лично туку Владата е колективно тело“, кажа пратеникот од ДУИ.